Бул. Гоце Делчев ББ 2000 Штип
Работно време
Понеделник - Петок
08:00-20:00
Сабота
09:00-15:000
Богатиот избор во понудата на мотоцикли често може да влијае и збунувачки за оние кои сакаат да инвестираат во ваков тип на задоволство.Вкусовите се фактор кои прават почетна селекција, но потоа во игра се вмешува и силната конкуренција и акциските цени кои често вреди да се искористат.
Таква е ситуацијата и со атрактивниот чопер HAMACHI RENEGADE 300 , кој со своите квалитети освојува на глобално ниво, а сега е достапен и за македонските купувачи. Димензиите го истакнуваат на улица, а целокупниот дизајн и искористените елементи го прават по различен и по претставителен во однос на метежот низ градските улици.
HAMACHI RENEGADE 300 е вистински избор за чопер кај кого производителот посветил големо внимание на височината, позицијата и комфорот на седиштето, но и ергономскиот потенцијал во однос на управувачот и командите поставени на него. Подолгото уживање во адреналинското доживување за кое е задолжен RENEGADE 300 не го заморува возачот, а за перформансите е задолжен докажаниот мотор со моќност од 13 KW. Максималната брзина е 105 km/h, а за подобрите возни карактеристики свое влијание има и оптималната тежина од 138 килограми, со која RENEGADE 300 успева да овозможи подобар однос на килограми и коњски сили.
Потрошувачката од 2.4 литри на 100 поминати километри е добро ветување за купувачите, а резервоарот со капацитет од 12 литри најавува сериозно голема автономија помеѓу две полнења.
Логото со текст “Освој го светот“ секогаш е во видното поле на возачот, кој пред себе има и аналогни инструменти, со што HAMACHI RENEGADE 300 го оправдува своето име и го потенцира авантуристичкиот дух кој зрачи од секој елемент. Производителот сигурно ќе израдува многу фанови на овој тип на мотоцикли со односот на квалитет и цена, а RENEGADE 300 е чопер кој дефинитивно заслужува внимание.
Engine tipe | 4 Stroke - Single Cylinder - Air cooled |
Max. Power | 13 KW |
Bore & Stroke | 70mm x 70.2mm |
Compression ratio | 9.2 : 1 |
Displacement | 270.2 ml |
Model of Engine | 170 FMM |
Start mode | Electric / Kick start |
Clutch type | Oil multi-plate type |
Lubricating method | Pressure splash |
Lubricating oil capacity | 1.1 L |
Tire size (front/rear) | 110/90-16 130/90-15 |
Gear type | 5 gear system |
Ignition | C.D.I |
Motorcycle size L x W x H | 2239 mm x 846 mm x 1112 mm |
Wheelbase | 1502 mm |
Ground clearance | 161 mm |
Dry mass | 138 kg |
Max. Load | 288 kg |
Max. Speed | 105 km/h |
Fuel consumption | ≤ 2.4 L/100km |
Brake | Front: Disc Rear:Drum |
Fuel tank capacity | 12 L |
Hamachi е најголемиот дистрибутивен центар и сервис на балканот за скутери ,моторцикли , велосипеди , ATV , UTV ,климатизери , гуми , резервни делови и опрема . Воедно е генерален увозник за Македонија на светски познатите брендови : CF Moto , Jonway , Maxxis , Trinx , Viper , Garelli , Italjet , Eni , Arctic cat , Mitas , Wanda , Hamachi
HAMACHI MOTORCYCLES
CHOOSE YOUR WHEELS
ТЕЛЕФОНИ:
Моторцикли и велосипеди:
+389 32 381 901
Резервни делови:
+389-78-404-676
+389-32-397-536
Viber:+389-77-868-969
Бела Техника:
+389-78-404-727
Бул. Гоце Делчев ББ 2000 Штип
Работно време
Понеделник - Петок
08:00-20:00
Сабота
09:00-15:000